Тетовец ќе одговара за фотографирање избирачко ливче


М.А. (32) од Тетово бил приведен во полиција на барање на Избирачкиот одбор од избирачко место во основното училиште „Наим Фрашери“ во Тетово денеска во 11.20 часот откако се обидел со мобилен телефон да го фотографира гласачкото ливче, информира полицијата.izbori glasanje

– По приведувањето, кусото задржување и раговорот во полицијата, на тетовецот со потврда му бил одземен мобилниот телефон за натамошно вештачење, а тој ќе се соочи со прекршочна пријава согласно Изборниот законик за незаконско користење на мобилен телефон или апарат на избирачко место за што е предвидена глоба од 300 до 1.000 евра во денарска противредност – вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Во телефонот е констатирана слика од избирачкото место. Полицијата ќе испитува докази и елементи за можно кривично дело.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1