Тетовско: Крвава расправија на двајца старци, едниот е во кома


Вчера околу 08,30 часот во с.Ратае-Тетово, настанала расправија помеѓу Ј.И.(1943) и К.Б.(1936) двајцата од с.Ратае, при што по кажување на Ј.И., К.Б. го нападнал со стап удирајќи го во пределот на раката.

Ј.И. се обидел да му го одземе стапот, но К.Б. изгубил рамнотежа и паднал, со главата удрил во бетонски столб покрај патот, при што се здобил со повреди во пределот на главата.tepacka3

По настанот К.Б. бил пренесен во МЦ-Тетово, од каде поради сериозноста на повредите во неконтактибилна состојба бил препратен во УЦ-Скопје.

На Ј.И. му била укажана лекарска помош во МЦ-Тетово, каде е констатирана повреда на раката во вид на фрактура на левата подлактица, по што е пуштен на домашно лекување.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Тетово, при што се пронајдени и обезбедени траги слични на крв и дрвен стап.

По наредба на ЈО, Ј.И. е задржан во СВР-Тетово за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1