Девојката на возраст од 16 години била жива запалена во градот Донга Гали, на 50 километри североисточно од Исламабад, по наредба на собранието, рекол шефот на локалната полиција Саид Вазир.
Пакистанската полиција денес уапсила 15 припадници на племенското собрание кои наредиле жива да се запали девојката која на еден пар му помогнала да побегне.
Девојката на возраст од 16 години била жива запалена минатата седмица во градот Донга Гали, 50 километри североисточно од Исламабад, по наредба на собранието, рекол шефот на локалната полиција Саид Вазир.
Полицијата соопштила дека станува збор за “убиство од чест”, бидејќи девојката “нанела неповратна штета на репутацијата на селото и семејството”. Парот, на кого девојката му помогнала, побегнал, пренесува Telegraf.rs
Мајката и братот на девојката, исто така биле уапсени, рекол Вазир, бидејќи биле на состанокот и се согласиле со казната.
Тој рекол дека девојката била запалена во комбето со кое парот побегнал, а дека пред тоа ја врзале за седиштето и ја полиле со бензин.
“Таков варварски чин никогаш не сум видел во својот живот”, рекол Вазир.