Тим руски специјалци пристигнуваат во Анкара


Тим од претставници на руските специјални агенции, руската Истражната комисија и министерството за надворешни работи отпатуваа во Турција по убиството на рускиот амбасадор Андреј Карлов во понеделникот вечер на изложба во Анкара.ruski-ambasador-karlov

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска соопшти дека во Турција отпатувал тим од 18 истражувачи, а според турскиот министер Мевлут Чавушоглу изјавил дека турските и руските експерти ќе работат заедно на откривање на деталите за оој случај и дека соработката на двете земји во врска со политичкото решение на сирискиот конфликт ќе продолжи.

Песков додал дека убиството на рускиот амбасадор во Анкара е насочено да ги дестабилизира односите меѓу двете земји и оценил дека тоа никој нема да го дозволи, пренесува Радио Слободна Европа. Рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров изјавил дека Русија и е благодарна на Турција за брзата реакција по убиството и дека смртта на Карлов уште повеќе ја истакнала потребата за дијалог помеѓу Москва и Анкара.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1