Тинејџер ги измамил агенциите – на нивна сметка живеел како крал


Оние запознаените со приказната за Франк Абагнел Јуниор, за кој Стивен Спилберг го сними филмот “Catch Me If You Can”, веројатно ќе го споредат ликот кој го толкуваше Леонардо ДиКаприо со 19 годишниот Реко Скоби.

izmamnik tinejdjerИмено, тинејџерот измами две туристички агенции за сума од околу 70 илјади фунти и притоа го обиколи светот, а на своето патување тој престојувал во луксузни хотели.

Во шестмесечната авантура, тинејџерот престојувал во Сингапур, Лос Анџелес, Дубаи, Окланд, Ванкувер и Њујорк, а откако е започната истрагата, вештиот измамник од Шкотска успеа да го измами и судот и да го натера да му го врати пасошот кој што му бил одземен за да не може да ја напушти земјата.

Тој се оправдал со објаснувањето дека нашол работа во друга агенција и дека пасошот му е неопходен.

За агенцијата “Thomson Travel”, Скоби работел само два месеци, но по заминувањето, тој продолжил со користењето на шифрата на компанијата со помош на која што си резервирал летови и сместување во хотелите во периодот од јуни 2011 година до јануари 2012 година.

Тој често го користел своето име, но и лажни имиња се со цел да си обезбеди сместување во хотели, а отишол и дотаму што на свои двајца другари им обезбедил незаборавна забава во луксузните хотели.

За се е виновен Аспергеровиот синдром

Скопи не ја оштетил само компанијата за која што работел, туку и агенцијата “Cambridge British Airways”, откако во една прилика на аеродромот забележал дека еден од корисниците не се одјавил од својот профил.

Скоби тогаш влегол во системот и резервирал летови за Лос Анџелес, Њујорк, Атланта, Абу Даби и Сингапур, па на крајот, на туристичката агенција “Thomson Travel” и направил сметка од 11 илјади, а на компанијата “Cambridge British Airways” нешто повеќе од 59 илјади фунти.

Неговиот адвокат се обидува да го објасни неговото однесување, велејќи дека момчето страда од Аспергеровиот синдром, еден од неколкуте нарушувања од аутистичкиот спектар, карактеризиран со потешкотии во социјалната интеракција и ограничувања, со стереотипни интереси и активности, а Скоби ја призна вината, додавајќи дека бил свесен за ризикот во моментот кога ги видел размерите на измамата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1