Тинејџер на мотор загина на патот Кичево – Осломеј


Тинејџер денеска во 13 часот загина на регионалниот пат Кичево-Осломеј, откако управувајќи моторцикл марка „Јамаха“ директно се судрил во задниот десен дел од патничко моторно возило „Фијат Добло“со кичевски регистарски ознаки.

Се работи за 19-годишниот Луан Т. од Кичево кој за жал починал на лице место.soobrakajka-str-motor-670x280

На местото на тешката сообраќајна незгода во тек е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Кичево како и полициски екипи од полициска станица за безбедност во патниот сообраќај, а сообраќајот е во застој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1