Полицијата во соработка со Вишото тужителство, Одделение за малолетници, уапси двајца малолетници кои упаднаа во Основното училиште Васа Пелагиќ во Котеж со пиштол.
Двајцата се од Лештани и тие ја признале вината. Рекле дека упаднале во училиштето зошто дете од споменатото одделение, ги замолило да упаднат на час и да го украдат дневникот зошто имал лоши оценки.
Кај нив е пронајден пластичен пиштол, како и нож и фантомки. Украдениот професорски дневник според нивното признание го фрлиле во канал.
Тие упаднале во одделението VII4, репетирале пиштол пред учениците, а на професоракта и го украле дневникот.
Истрагата на српската полиција е во тек.