Тинејџер претепан пред салата на клубот Работнички


Тинејџер од Скопје синоќа во 22 часот пријавил вчера дека околу 18 часот откако го напуштил градскиот стадион „Филип Втори“ (каде бил на работа како редар за време на фудбалски натпревар помеѓу ФК Работнички и ФК Вардар), со неговиот другар се упатиле кон салата на КК Работнички.rabotnicki sala

На влезот од салата забележале десетина лица од навивачка група кои почнале вербално да ги навредуваат, а тој заедно со другарот влегле во возило на роднина, По ова, еден од навивачите го удрил возачот од возилото, а 17-годишниот скопјанец излегол од возилото за да избега по што бил физички нападнат и со стаклено шише го удриле по главата.

Малолетникот бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“.

МВР соопшти дека презема мерки за пронаоѓање на насилниците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1