Тинејџер уапсен поради поврзаност со нападот во лондонското метро


Британската полиција соопшти дека денеска уапсила едно 18-годишно момче, под сомнеж дека е поврзано со вчерашниот бомбашки напад во лондонското метро, при што беа повредени 29 лица.

Британскиот национален координатор за борба против тероризмот, Нил Бејсу информира дека тинејџерот бил уапсен во реонот на градот Довер, што се наоѓа на брегот на Ламанш.

– Иако сме задоволни од постигнатиот напредок, истрагата продолжува и нивото на закана останува критично – изјави Бејсу.

Тинејџерот, чиј идентитет не е соопштен, е приведен на распит врз основа на одредбите од Законот за борба против тероризмот и засега против него се покренати никакви обвиненија.

Телевизијата Скај претходно јави дека од снимките од безбедносните камери полициските службеници го идентификувале поставувачот на бомбата во вагонот на метрото, но засега нема информации дали тоа е денеска приведениот тинејџер.

Полицијата вчерашната експлозија во вагон на подземната лондонска железница ја оцени како „чин на тероризам“.

Британската Влада синоќа донесе одлука за зголемување на нивото од терористичка закана во земјата „од сериозно на критично“, што означува дека постои опасност од евентуален нов напад.

– На улиците во следните денови ќе бидат присутни припадници на полицијата и војската – изјави британската премиерка Тереза Меј.

Од утрово на улиците низ Велика Британија на полицајците им се приклучија и вооружени припадници на армијата, со задача да спречат обид за евентуален нов напад на јавно место.

Одговорност за вчерашниот напад во лондонскоот метро презеде џихадистичката група Исламска држава (ИД).

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1