Битолчанецот Драги Ивановски (51) го загубил животот во синоќешната тешка сообраќајна несреќа што се случи во центарот на градот, кај битолскиот Безистен, информираат денеска од СВР-Битола.
Сообраќајната несреќа се случила околу 19 часот, во непосредна близина на битолскиот Безистен, кога патничко моторно возило марка „Пасат“ со кое управувал 18-годишниот Н.Л., удрил во пешакот Ивановски и го усмртил на самото место.
Веднаш по настанот, увид извршил истражен судија кој наредил обдукција врз починатиот, како и целосна истрага за причините кои довеле до тешката сообраќајна несреќа во Битола.