Двајца тинејџери, Демакин Елкинс (17) и неименуван малолетник (14) се уапсени под сомнение дека убиле бебе и повредиле жена.
Детето било убиено со истрел во главата додека неговата мајка го возела во количка.
„Две момчиња ми пријдоа и ми рекоа да им ги дадам парите, или ќе ми го убијат детето. Им реков дека немам пари кај себе“, вели мајката Шери Вест за медиумите во американската држава Џорџија.
Едно од момчињата повторно се закани, а кога жената се обиде да го заштити детето, тој го застрела во глава.
Тинејџерите испукале уште четири куршуми кон жената, по што и нанеле повреди во главата и ногата.
Постарото момче ќе биде обвинето за убиство од прв степен, додека помладото ќе биде испратено во поправен дом.
Инаку несреќната мјка пред пет години го загубила својот 18 годишен син, кој бил убиен во тепачка.