Стевче Јакимовски вчера си го помина Денот на вљубените и виното со осамените срца од неговата општина, и тоа во кафеана.
Како искусен маж, градоначалникот на општина Карпош делеше совети и на младо и на старо и не само на жени туку и на мажи. Целиот настан беше крунисан со здравица со чаша до две црвено вино, како што и доликува на денот, а Стевче како вистински џентлмен на осамените дами за утеха им подари по една црвена роза. Црвена, нормално, нели е Свети Валентин!
-Дојдовме за да се дружиме и да запознаеме луѓе. Немаме партнери, па сме осамени. Прв пат доаѓаме на собири од ваков тип и се надеваме дека ќе се запознаеме со некој, ни открија две жителки на општината.
За разлика од градоначалникот, поиновативен за вчерашниот празник беше Тинекс, кој посетителите во трговскиот Зебра ги честеше кондоми!
Извор – Вечер