Тирана, Приштина и Скопје набрзо може ќе бидат погодени од ИД


Косовскиот бискуп, имзот Дод Ѓерѓи даде вознемирвачка изјава велејќи дека набрзо можни се терористички напади во Приштина, Скопје и Тирана, како последица на тоа дека некои луѓе се задоени во духот на нетрпеливоста и омразата, пренесе МИА.dod-gjorgji-640x294

Поради тоа тој упати апел до државните, политичките, верските и културните инситуции да не гледаат сеир, туку да се ангажираат на попречување на терористички акти, како оние што се случија во Париз, Бангладеш и Истанбул.

– Овој дух на нертпеливот и омраза на чуден начин навлезе и кај некои наши луѓе. Така што настаните во Истанбул, Бангладеш, Париз набрзо може да стигнат во Приштина, Скопје или во Тирана, рече Дод Ѓерѓи на мисата посветена на жртвите во Истанбул и Бангладеш.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1