Мирослав Тодоровиќ, автор на „Хоштаплер“, најконтроверзната книга за Тито, открива: Ова е приказна за Јосип Броз, кој војувајќи во состав со злоогласената 42 девизија доби метал за храброст, набивајќи ги на бајонет прекодринските српски деца.
Јосип Броз Тито – големиот син на југословенските народи и народности. Судејќи на тоа, ова мора да е една од најголемите европски енигми на 20 век, кога е во прашање официјалната историја. Таа неофицијалната се обидоа да ја откријат многумина, а меѓу нив е и познатиот српски адвокат Мирослав Тодоровиќ, автор на книгата „Хоштаплер“, контроверзна книга која открива неверојатни работи за тоа дека лажниот Тито владеел со Југославија, и дека вистинскиот учел во исто одделение заедно со Хитлер, дека колел српски народ и подоцна загинал во Русија, додека лажниот Тито бил чуван од масоните и Ватикан.
Тодоровиќ открива и како загинал вистинскиот Тито, каде е убиена неговата сопруга Даворјанка, што се наоѓало во познатата „црна торба“ од која Тито никогаш не се одвојувал.
Уште пред десетина години, Тодоровиќ објави книга за која долго време се молчеше. Тој во интервју открива некои неверојатни податоци и информации кои досега не смеевме да ги дознаеме.
„Сметав дека е морална и човечка обврска да го разоткријам човекот кој ни ја промени целата суштина. Едноставно, ни ја промени генетиката. Од еден чесен и мирен народ, тој направи луѓе што никој не ги цени во светот. Оваа книга потполно се разликува од сите останати во кои се зборува за Тито“, изјавил Тодоровиќ.
Вие пишувате дека е роден во Виена, дека се школувал на академија заедно со Хитлер. Колку се сериозни и веродостојни тие податоци?
Тие податоци се темелни и проверени од повеќе страни. Проверени се во архивите, документацијата и преку обични зборови. Имав можност да разговарам и со многу Титови современици. Кога Тито имал 40-тина години, младите француски левичари имале околу 20. Некои од нив ми сведочеа за неговото погумно делување. Тито не е роден во Кумровец, јас тоа го тврдам и со аргументи докажувам дека е роден во Виена. Мајка му била Марија од село Потсреде, тоа е граничен појас помеѓу Хрватска и Словенија. Таа родила вонбрачно дете во Виена, работејќи кај извесен Самуел Мајер, полски Евреин и успешен индустијалец. Марија одвреме навреме доаѓала да работи кај тој човек, а тоа и самиот Тито неколкупати го има кажано, особено кога ќе испиеше поголемо количество виски. Зборуваше дека формалниот татко Фрањо му бил алкохоличар и неодговорен за деца, па мајка му често морала да оди во Виена за да работи. Марија била физички привлечна жена, а од таа љубов се родил и тој. Тоа дете го добило името Јосип Амброз и Марија не го однела во Кумровец, туку кај својот татко Мартин во Потсред. Го чувал неговиот дедо, а кога пораснал, мајка му го однела во Виена, каде се образовал во приватно училиште. Учел музичко и бил извонреден интерпретатор на Верди и Шопен. Тие што го слушале не можеле да веруваат дека не завршил највисок музички конзерваториум во Европа. Одлично зборувал десетина светски јазици, што е просто невозможно за едно селско дете од Кумровец. Тој за многу брзо време стекнал и буржоазиски навики. Бил мајстор, извонреден јавач и работел многу работи кои им биле недостапни на многу високо-образовани луѓе од тоа време.
Кога ја започнал комунистичката авантура?
Неговиот успон е врзан за Печујскиот диверзантско-известувачки центар кој го формирал царот Фрањо Јосиф. Таму се подготвувале најинтелигентните и најлуцидните момци. Тој познат центар одгледал еден Хитлер, Јосип Амброз, Фридрих Мирослав Крлежа и Јосип Броз од Кумровац, полубратот на Тито.
Дали Хитлер и Тито се виделе во тоа училиште?
Биле во исто одделение. Не можам да кажам дека седеле во иста клупа, но биле во исто одделение. На таа академија ги затекнала Првата светска војна. Сите биле регрутирани во Виена. Идниот маршал бил распореден за подрачјето Загреб-Вараждин во формација 42 бригада. Двајцата браќа Броз, во август 1914 година пристигнале на српскиот фронт, а во ноември биле испратени на руски фронт. Хитлер не можел да го издржи сето тоа, додека Тито правел големи подвизи во позадина. Тие потвизи, тоа било убивање и изживување над српските деца. Тогаш му бил даден сребрен медал за храброст.
На Кавказ, на местото Окно, наишло племето Черкези и ја опколило 42 бригада, па тука доаѓа и клучниот момент. Тогаш доаѓа до фалсификување на целата светска историја. Имено, еден од Черкезите со копје тргнал на Јосип, но бидејќи тој бил премногу вешт со меч, успеал да го совлада својот напаѓач. Дoдека гледал како непријателот умира, не забележал дека друг Черкез иде накај него, па бил ранет со копје. Тука сепак загинал вистинскиот Јосип Броз, а ранетиот Јосип Амброз тогаш го земал неговото име и идентитет. Наредните 11 месеци наводно се опоравувал во манастирот Стрижек, а потоа се приклучил во некоја друга единица. Во Русија бил логораш и го почитувале дури и управниците.
Подоцна кога требало да биде примен во Коминтерната, тој на својата венчаница фалсификувал документ дека е примен во КП ССССР. На патот од Ленинград до Марибор, имал големи проблеми, па на крајот бил уапсен. Интересно е тоа дека на враќање не отишол во своето село Кумровец, туку во Свето Тројство кај Бјеловар. Таму ја однел жената која била скоро пред породување и останале четири години. Тој таму не смеел да се движи, бидејќи никој не го познавал, а луѓето знаеле кој е Јосип Броз. Како што подоцна сите негови роднини потврдија – Не е тоа нашиот Броз!
Зошто Тито никогаш не се одвојувал од својата фамозна црна торба?
Всушност тоа претставува доказ дека навистина дошло до замена на идентитетите. Велат дека таа торба ја однел Доланц од Клиничкиот центар. Но многу луѓе зборуваа дека во торбата бил списокот на војници кои загинале на Рускиот фронт и дека на списокот го имало името на Јосип Броз.
Кој ја убил Даворјанка Пауновиќ?
Тоа е исто голема тајна и голем сомнеж дали навистина умрела од туберкулоза. Нејзината смрт се поврзува со доаѓањето на Јованка во Белиот Дворец. Никогаш не стигнаа документите од словенечката болница каде Даворјанка лежела и починала. Истовремено, веста за нејзината смрт била објавена три дена после закопот. Закопана е тајно во Дворецот, а после три дена Тито му јави на Џилас дека починала.
Зошто е закопана на Дворецот?
За никој да не може да дојде до нејзините посмртни остатоци и така да ја дознае вистината за смртта. Убиена е со оружје и тоа е апсолутно точно. Од нив две, една морала да оди.
Кој му го чувал грбот на Тито?
Постои голема веројатност токму Ватикан да бил неговиот заштитник. Потполно е извесно и дека бил масон. Неговата ложа се наоѓала во Женева. Имал високо место и по рангот бил на исто ниво со англиската кралица Елизабета.