По изгласувањето на Законот за употреба на јазиците во Собрание, од ТМРО реагираа и го повикаа претседателот на Р.М., Ѓорѓе Иванов да прогласи вонредна состојба.
„Го повикуваме претседателот Ѓорѓе Иванов веднаш да прогласи вонредна состојба заради незаконско и неуставно носење на закон за јазици со кој се урива уставниот поредок и унитарниот карактер на македонската држава“, соопшти ТМРО.