Сашо Петковски деновиве ги живее со својата болка по изгубениот син и не е во состојба да каже ништо за крвавиот настан, пишува Утрински весник.
„Сега не сум во состојба да кажам што било. Се’ уште сум со лекарства. Кога ќе можам, ќе зборувам“ – ова е се што изјавил таткото на Ангел Петковски, момчето кое беше убиено во скопско Ѓорче Петров на 19 мај.
Тоа е тоа, го изгубв детето, вели Сашо Петковски и побарал од редакцијата на Утрински да него фотографира, ниту него ниту нивниот дом.
Несреќата на скопското семејство Петковски се случи на насипот крај Вардар, поточно кај мостот кој ги спојува „Европската очна болница“ и Спортско-рекреативниот центар „Сарај“.
Од она што може да се констатира на самото место, тешко е да се очекува камерите на „Очната болница“ да прикажат повеќе од миговите кога таткото го носи својот син на раце и бара помош од лекарите.
Соседите велат дека само неколку дена пред овој настан, од двор во соседството биле украдени два велосипеда и еден чифт фармерки. Тие велат дека целиот тој крај е под постојан терор на соседите од другата страна на Вардар. Се спомена некаква бројка од 750 кражби кои се’ уште не се расветлени.
Целиот текст, прочитајте го на Утрински