Тој 67, таа 29 – ја убил па си стрелал во градите: Меѓу телата пронајдена црвена ружа


Во Босна во близина на Сански мост во неделата се откриени две безживотни тела, на Богдан Поповиќ (67) и Јања Бијелин (29), кои живееле во околината на Бачка паланка.

Според истрагата и сведочењето на мештаните, Богдан најверојатно ја убил својата млада љубовница, а потоа извршил самоубиство. Мажот кој ги пронашлов мртвите тела минатиот викенд дошол во Козин со семејството да си го види имотот. Полицијата на самото место го пронашла и пиштолот од кој е пукано. Покрај телото на Богдан и Јања е пронајдена црвена ружа.

tela ubistvo

-По увидот констатирано е дека 67-годипшникот од Обровац кај Бачка Паланкиа, со истрел од пиштол „застава М57“ ја убил 29-годишната од истотоа место, а потоа се застрелал во градите, велат од полицијата.

Тие двајца престојувале во село Козин, оддалечено на 30 километри од Сански мост, од 11 март каде пак Богдан живеел пред војната. Во текот на 90-тите отишол во Србија, но го посетувал родниот крај. Девојакта е родена во Градачица, но во последните години живеела во Бачка Паланка.

-Нивните тела се пронајдени под стеблата кај потокот, во близина на куќите. Се сомнева дека трагедијата се случила неколку дена пред да бидат пронајдени телата, велат за „Блиц“ извори од истрагата.

Мештаните раскажуваат дека Јања била љубовница на Богдан, зошто слушнале дека има сопруг во Србија. Полицијата не ја исклучува можноста дека тие двајца заедно планирале да се убијат.

Кантоналниот обвинител Вилдана Дедиќ истакна дека повеќе детали ќе бидат познати по обдукцијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1