Сузуки Кимиоши и заедно со својата сопруга веќе 24 години живее во Унгарија. По потекло се од Јапонија и на прв поглед делуваат како сосем нормален пар.
Тие навистина се тоа, со една мала разлика што, Кимиоши е еден од последните живи самураи на планетава.
Сузуку Кимиоши на “самурајски“ значи Самурајот од Печ. Со своите 82 години тој изгледа околу 20 години помладо, а неговото искуство е неверојатно.
Она што е интересно за самураите во Јапонија е тоа дека откако започнал бунот во 1877 година и истиот бил задушен, самураите и официјално престанале да постојат.
Денес постојат само неколку самураи кои се обучувани на традиционален начин, а Сузуки Камиоши е еден од нив.
Камиоши почнал да ја посетува Унгарија на почетокот на 80-тите години, и откако стекнал пријатели и ја запознал сегашната сопруга, одлучил да се пресели во Печ во 1992 година.
Кимиоши има 6-ти дан, а првобитно бил обучен од страна на еден ученик на неговиот дедо. Сега предава карате и јапонко мечување. Има голем број на ученици во Печ, а уште поголем во Будимпешта, но и често го посетуваат од странство. Од неговите три катани, една е 300-годишен оригинален јапонски меч.
Острата катана не се користи во пракса. Наместо тоа, Сузуки користи тап меч, кој му го направил еден унгарски ковач.
Мечувањето се користи како смртоносна техника, но сега се практикува и во други цели, во изградбата на телото и духот, рекол тој. Сузуки ја почнал обуката во јапонско мечување кога имал 6 години, а сè уште учи.
Тој патува во Јапонија еднаш годишно за да учи. -Знам речиси сè, но не е готово. Готово е дури кога ќе престанам, рекол тој.