Толпата демонстранти се растури, полицијата кај Чаирчанка


Толпата демонстранти се растури, откако околу половина час сттотина демонстранти, главно малолетници, со главите делумно покриени од маиците кои ги носат, на улицата „Цветан Димов“ точно пред џамијата „Јаја Паша“ стоеја, а некои од нив и фрлаа камења кон полициските единици кои беа пред нив. Полицијата е сега на делот на улицата пред станбено-деловниот комплекс „Чаирчанка“, јавува Плусинфо.

protestПолицијата во акцијата за разбивање на толпата користеше и возила – водени топови.

Протестите, кои ескалираа со насилство, при што се фрлаа камења кон Кривичниот суд и кордонот полиција околу судската зграда, по што беа употребени и шок бомби и беше фрлан солзавец, а набргу беа употребени и водени топови во обид масата демонстранти да се спречи да замине кон Владата.

Потоа полицијата продолжи со интервенција и полека ја потиснуваше масата демонстранти по булеварот Крсте Мисирков кон поликлиниката Бит Пазар и „Јаја Паша. На крстосницата кај Мавровка има многу камења и превртени контејнери, а сите дуќани на потегот од Мавровка до Бит Пазар и понатаму се затворени

Протестите траеја два часа, а почнаа по петочната молитва во „Јаја Паша“ од каде масата демонстранти кои сакаа да протестираат против доживотните затворски казни изречени во случајот „Монструм“, се упатија кон Основен суд Скопје 1, каде дел од нив почнаа да фрлаат камења.

Foto – Plus Info

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1