Тоне во долгови: Амбер Херд заработува 10.000 долари месечно, а троши четири пати повеќе


Во екот на бракоразводната парница помеѓу актерката Амбер Херд (30) и холивудската ѕвезда Џони Деп (53), објавени се податоци за финансиската состојба на актерката, па така е откриено дека и се закануваат сериозни долгови.

Амбер од Деп побарала да и плаќа месечна алиментација од 50.000 долари, и да ги покрие судските трошоци. И додека Џони е еден од најбогатите холивудски актери и неговото богатство се проценува на 400 милиони долари, Амбер е во сериозни финансиски проблеми.amber-heard-768x1024

Во документите поднесени во судот, откриено е дека таа заработува околу 120.000 долаеи годишно од своите деловни потфати, не сметајќи ги хонорарите за филмските улоги. Нејзините просечни месечни приходи изнесуваат околу 10.000 долари, но таа троши речиси 44.000 долари на „основни трошоци“, пишува „Дејли меил“.

Во тие основни трошоци спаѓаат 10.000 долари месечно за кирија, уште толку на забави, подароци и одмори, 2.000 долари месечно на облека, уште 2.000 долари месечно на оброци во рестораните, и дури 300 долари месечно на перење на обелката.

Покрај тоа , таа секој месец троши уште 10.000 долари на храна и играчки за своите домашни миленици, како и за платата на својот публицист и агент.

Нејзините вкупни приходи минатата година биле 250.000 долари, додека расходите вкупно изнесувале 209.000 долари, што значи дека заработката била многу ниска. Славните сопружници се разведуваат во Калифорнија во која законите пропишуваат дека при развод имотот на сопружниците се дели на еднакви половини, но дека истовремено тие може да ги задржат наследствата и имотот кои го стекнале пред бракот.

Медиумите пренесуваат дека по разводот ќе биде побогата за најмалку 15 милиони долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1