Состојки:
4 полни лажици квалитетно какао
3 полни лажици шеќер во прав
2 полни лажици млеко во прав
2 полни лажици густин
100 гр рендана чоколада
1 лажичка мала цимет
Подготовка:
Сите состојки добро се мешаат и се префрлаат во стаклена тегла. На еден литар млеко се додава 5 – 6 лажици од оваа смеса и се вари на тивок оган, додека не се добие посакуваната густина. За еден филџан – на 200 – 220 мл млеко се додава лажица до две од смесата.