Tоплификација уште не им ги врати парите на граѓаните


toplifikacija„Топлификација“ сè уште ги нема вратено парите на околу 25.000 скопјани на кои им должи поради преплатените износи во првиот дел од грејната сезона до Нова година, извести Дневник.  

Граѓаните се револтирани што и по еден и пол месец откако оставиле трансакциска сметка на која треба да им бидат префлени парите, сè уште нема ниту абер кога тоа ќе се случи.

Има корисници на кои компанијата треба да им враќа износи и од 6.000 или 8.000 денари, а од компанијата за весникот велат дека досега се вратени пари на 5.000 корисници, но се смета дека станува збор за тие што имале неплатена сметка, па извршено е пребивање.

Оттаму велат дека парите ќе бидат вратени наскоро, во најкус можен рок, но не специфицираат точно кога.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1