Топлотен бран низ Европа


Топлотен бран во Европа со температура над 40 степени ги натера властите во неколку држави да издадат предупредување за опасност. Во повеќе области во Хрватска се прогласени црвена и портокалова фаза.toploten

Лекарите апелираат граѓаните без потреба да не ги напуштаат домовите. Слична е состојбата и во Босна и Херцеговина и Црна Гора. Во Мостар синоќа во 22 часот се измерени рекордни 32 целзиусови степени. Во Париз се преземени специјални здравствени мерки. Отворен е телефон за граѓаните каде што ќе можат да побараат помош од стручни лица. Топлото време предизвикува проблеми.

Живата на термометарот се искачи над 35-тиот степен и во Велика Британија. Луѓето се разладуваат во локалните паркови и базени. На Вимблдон е воведено „правило за топло време“, што би значело дека тенисерите ќе мора да имаат кратки одмори додека се играат натпреварите. Топлото време ги преполни плажите во Шпанија. Властите прогласија жолта фаза.

Рекордно високи температури и во Германија. Во Баварија се измерени 40,3 степени.

Мало олеснување од пеколните горештини се очекува идната недела.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1