Топлотен бран во Европа: Можна нова рекордна температура


Европа се соочува со топлотeн бран, а метеоролозите најавуваат дека во наредните денови, може да „падне“ температурниот рекорд, јави Би-Би-Си.
Тековниот европски рекорд е 48 степени Целзиусови, измерени во Атина во јули 1977 година.
Прогнозата за јужна Шпанија и Португалија за петок и сабота е 47 степени Целзиусови.
Медиумите во Европа објавуваат фотографии од намалени езера и суви реки и луѓе кои се ладат во чешми и се обидуваат да се кријат под чадори.
Шпанската национална метеоролошка служба издаде предупредување до граѓаните и објави дека топлотниот бран ќе биде „особено интензивен на југозапад”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1