Топузова: Јанева да одговори каде ги има потрошено парите


За специјалната обвинителка Катица Јанева и она што деновиве се случуваше во собранието, гостин во вестите на ТВ Нова беше независната пратеничка Роза Топузова која ја искритикува работата на Јанева и она што таа го презентираше пред пратениците.

„Имав можеби повеќе недоразбирања со Јанева. Сметам дека во интерес на секој е таа да дава одговори на прашањата на пратениците. Кога беше формирано СЈО, граѓаните го дочекаа како светла точка во еден корумпиран систем и конечно решение за политичката криза. Токму сега таа требаше со конкретни одговори да го оправда постоењето на СЈО и довербата од граѓаните – ова беше моментот“, истакна Топузова, според која Јанева до овој момент не успева да го оправда она што се очекуваше од неа.topuzova-nova-640x285

„Кога требаше да го поднесе првиот извештај до собранието Јанева не дојде, затоа што не го призна легитимитетот на собранието. Што се промени во меѓувреме, зошто сега се појави во законодавниот дом? Сепак, наместо да одговори на прашањата на пратениците, таа почна да одговара со прашања. Тоа не се случило досега. Некој што дошол да одговара, да прашува. Тоа и кај мене предизвика револт“, објаснува Топузова.

Пратеничката зборуваше и за финансискиот извештај што Јанева не сака да го поднесе пред пратениците.

„Каде и зошто ги има потрошено парите? Во извештајот стои дека се доделени 4 милиони на СЈО, од нив 28 проценти се реализирани. Прашав кога ќе се реализираат останатите и за што биле потрошени 28 проценти во оваа третина? Не добивме конкретни информации – не само ние пратениците, туку и граѓаните. Сите што сме на јавна функција ги трошиме парите на граѓаните и мора да поднесеме извештај, ништо друго не побарав освен објаснување на овие прашања. Добивме дециден одговор дека нема намера да достави финансиски извештај до собранието“, вели Топузова.

Како што рече, Катица беше избрана поради транспарентсноста, да каже што се случува со политичката криза, но и да каже кој и зошто прислушкувал, кој вршел криминал.

„Јас не се сомневам дека парите биле транспарентно потрошени, но сакав да видам конкретен извештај. Јас не сум против СЈО, сметам дека треба да постои ова обвинителство, но кој и како работи според мене е многу важно“, заклучи Топузова.

„Првата реченица на специјалната јавна обвинителка, при презентацијата на извештајот на СЈО беше дека таа не се плаши од ништо, затоа што зад неа стои Груевски. Ако е така, тогаш тие што излегуваат на протести ќе дадат поддршка и за Јанева и за Груевски“, беше дел од поентите на пратеничката Роза Топузова во информативниот блок на ТВ Нова.

Како една од пратениците кои деновиве застанаа спроти специјалната јавна обвинителка, укажувајќи на нејзините недостатоци од досегашната работа, Топузова смета дека не е оправдано да се споменуваат притисоци, а да не се искористи можноста да се каже од каде истите доаѓаат.

„Јанева рече дека и биле вршени притисоци. Се чудам од каде доаѓаат притисоците. Беше прашана кој и како врши притисок врз нејзината работа? Тоа беше моментот, да ги посочи во Собранието“, изјави Топузова.

Таа додаде дека исто така, неморално е да не се признава легитимитетот на собранието, а уште во првата минута да се бара продолжување на мандатот од „нелегитимните пратеници“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1