Судењето за предметот „Траекторија” на СЈО во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски, е одложено за 18 декември.
Одбраната на обвинетите на денешното рочиште во Кривичниот суд побараа визулено и тонско снимање на судењето. Судот го прифати барањето и го презакажа судењето. Сите обвинети денеска дојдоа во судот.
Според СЈО, обвинетите во „Траекторија“ во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги пречекориле своите овластувања.