81 годишен старец од Битола, попладнево околу 17:30 часот се самоубил на гробот на својата сопруга.
Како што дознава Press24 од полициски извори, Владимир А. отишол на гробот на својата сопруга и се самозапалил. Починал на лице место. Информацијата ја потврди и МВР. Од таму за Press24 велат дека екипите се веќе на терен и дека се врши увид.
Нема информации, од кои причини Владимир А. се решил да се самоубие.