Во несреќа која денеска се случила во Сараево почина дете кое случајно испукало куршум од пушката на татко му.
Од оперативниот центар на полицијата во кантонот Сараево изјавија дека несреќата се случила околу 12:30 часот на подрачјето на општината Нов Град и дека смртно страдало едно дете.
Несреќата се случила во семејната куќа во која детето според неофицијалните информации, ја пронашло пушката на својот татко и испукал куршум кој завршил во неговата глава.
На лице место пристингала Брзата помош која констатирала смрт кај детето. Увид извршила и полицијата.