ТРАГЕДИЈА: Две момчиња загинаа во сообраќајка кај Тетово – 4 повредени (Фото)


16 годишно момче од Јегуновце и 21 годишник од Лешок загинаа попладнево во тешка сообраќајна несреќа на патот Тетово – Јажинце во близина на Теарце.

Две момчиња ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа која се случи попладнево околу 14 часот и 30 минути на регионалниот патен правец Тетово-Јажинце кај Теарце информираат од тетовската полиција.soobrakajka_tetovo_thumb_medium500_261

21 годишно момче било од Лешок, а 16 годишниот од Јагуновце, во сообраќајната несреќа учествувале три возила „БМВ“, „Крајслер“ и „Опел Вектра“.

Двете загинати момчиња биле сопатници во БМВ-то што го управувал 24 годишен жител на тетовското село Лешок кој се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната помош во тетовската клиничка болница бил упатен на една од скопските клиники.

Во сообраќајката се повреди се здобил и 43 годишен возач на Крајслерот и двајцата 23 годишни сопатници од ова возило, сите од Мала Речица како и 20 годишниот возач на Вектрата инаку жител на тетовското село Пршовце.

Четворицата повредени по укажаната лекарска помош биле задржани на лекување во тетовската болница.

Увид на лице место за страотната сообраќајка извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, се работи на утврдување на причините околу тоа како дошло то трагедијата.

Фото – Курир

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1