Трагедија: „Го изгубивме детето“, ечеше во двор во прилепско


Тригодишно дете го загуби животот во несреќа што се случи денеска напладне во двор од семејната куќа во прилепското село Секирци, откако прскалка од трактор падна врз детето.

Нема очевидец на несреќата, но блиските од семејството велат дека детето под прскалката, прв го здогледал дедото, кој во паника побарал помош од блиските, пишува Утрински весник.traktor

-Ние бевме дома, внатре во куќата, го чувме само гласот на дедо како вика, го загубивме детето, го загубивме детето…“, низ солзи изјави сестрата на тригодишното дете.

Таа со својата мајка и двајца други пријатели на семејството веднаш со автомобил се упатиле кон Прилеп, со надеж дека ќе го спасат детето, но за жал било предоцна.

Според екипата од службата за итна медицинска помош која ги пречекала во близина на селото Мажучиште, смртта настапила половина час пред тоа.

-Ги пресретнавме кај село Мажучиште околу 13.30 часот. Но, смртта веќе настапила кај детето. На телото имаше видливи траги на нагмечување во пределот на градниот кош и модринки по целото тело. Веднаш го однесовме во одделот за реанимација во прилепската болница, а пријавивме и во прилепската полиција бидејќи се работи за случај во кој смртта била предизвикана насилно, изјави Блага Павлеска, дежурен доктор од итна помош.

Таткото на ова дете почина пред половина година во несреќа со трактор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1