Трагедија во Сараево. Брат и сестра на возраст од пет и 10 години загинаа кога врз нив се урнала поголема количина песок.
Несреќата се случила во фабриката за производство на бетон „Нексе“, каде децата дошле со нивниот татко, кој бил вработен во компанијата.
Несреќните деца си играле во кругот на фабриката, во близина на погон за производство на бетон, кога одненадеж песок се соборил врз нив и ги затрупал.
Децата биле извлечени и однесени во болница, но лекарите само констатирале смрт.