Трагедија кај Дојран: Со автомобил се забил во камион, починал на лице место


Четириесет и едно годишниот Д.А. од селото Фурка синоќа го загуби животот во сообраќајна несреќа која околу 23:40 часот се случила на патот Нов Дојран – Валандово, кај селото Николиќ.soobrakjajka policija nokj

Од полицијата денес информираат дека до несреќата дошло кога Д.А. управувајќи автомобил „Голф 3“ удрил во камион Сканија со полуприколка кој го управувал А.М. (61) од Стојаково.

Возачот починал на лице место, а смртта била констатирана од страна на лекар од итна медицинска помош.

На местото на несреќата извршен бил увид во присуство на јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1