ТРАГЕДИЈА КАЈ КУМАНОВО: Еден брат загина, двајца тешко повредени


Едно лице почина, а други две се повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа во 22.30 часот во кумановско Доброшане, соопшти МВР.

Педесет и пет годишниот Горан С. од Куманово го загуби животот, а неговите двајца браќа се повредени, автомобилот „опел кадет“ со кумановски регистарски таблички кој се движел на магистралниот пат Свети Николе-Куманово на влезот во Куманово во Доброшане,од засега непознати причини преминал на другата коловозна лента и удрил во четири паркирани возила.soobrakajka - brza pomos

Од здобиените повреди Горан починал на лице место, а неговиот две години помлад брат С.Д се здобил со тешки телесни повреди и е префрлен во клинички центар во Скопје, додека помладиот брат 38 годишниот Н.Д се здобил со телесни повреди.

По наредба на основен јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството. Увидот што го изврши увидната екипа на кумановската полиција ќе ги покаже причините за настанувањето на сообраќајната несреќа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1