Вчера а во 15,45 часот во Прилеп поточно во објект од поранешно инфективно одделение, било пронајдено починато лице.
Смрт била констатирана од страна на лекар од итна медицинска помош, а увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица-Прилеп, при што било констатирано дека најверојатно се работи за лицето П.М. (26) од Прилеп.
По наредба на ЈО над телото на починатиот ќе се врши обдукција.