ТРАГЕДИЈА: Мртвото тело на Анита пронајдено покрај црква, черепот и бил скршен


Анита живеела со своите мајка и сестра во Австрија во Вајц, каде посетувала средно училиште и повремено работела.

Безживотното тело на 17-годишната Хрватка Анита Јурановиќ, било пронајдено во парк покрај црква во австрискиот град Вајц.

Телото во неделата во 9:30 часот наутро го пронашол случаен минувач и веднаш ја известил полицијата. На самото место била повикана Итна помош, но девојчето не било спасено, пишува Jutarnji.

Со оглед на тоа дека девојката имала видливи повреди на главата, полицијата се сомнева дека станува збор за убиство.

Телото било пратено на обдукција во Грац, на која било утврдено дека девојката веројатно ги претрпела тешките повреди на главата при пад, при што се здобила со скршеници на черепот.

Инаку, девојката живеела со своите мајка и сестра во Вајц, каде посетувала средно училиште и повредено работела.

Полицијата сега бара помош од јавноста и ги моли сите кои ја виделе девојката по 6 часот наутро, кога наводно напуштила ресторан во центарот на Вајц, да им се јават.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1