Девојка од Србија, чиј идентитет се уште не е познат, загинала утрово во страшна сообраќајна несреќа на Тасос во Грција, додека М.С (20) од Стара Пазова кој бил со неа е тешко повреден.
Според неофицијални информации на српски „Блиц“, двајцата изнајмиле скутер со ко јсе возеле низ островот.
– на Тасос вчеравечер имало голема бура. Никој не знае што точно се случило, но најверојатно скутерот се лизнал и тие излетале од патот. Девојката која бил совозач починала на самото место, додека момчето било тешо повредено, – изјавил извор запознаен со околностите на несреќата.
Повреденото момче е пренесено во болница во кавала, каде лекарите се борат за неговиот живот.
Според пишувањата, тие биле идентификувани преку агенцијата од Белград со која патувале.