Младиот македонски кошаркар Филип Сотиров вчера утро, ненадејно почина на 15-годишна возраст, јавува Спортмедиа.
Како што пишува порталот, станува збор за член на националната селекција до 14 години, која лани настапи на неофицијалното Европско првенство (ЕП) во Словенија и играч на еден од најдобрите екипи во младинските категории кај нас, Водно санс.
Засега нема информации во какви околности починал Филип.