Трагедија: Потона туристички брод во близина на турското крајбрежје


Три лица се водат како исчезнати откако туристички брод потона денеска во Средоземно Море, покрај брегот на турската провинција Мугла.

Меѓу изчезнатите е и сопственикот на бродот, соопштија локалните власти.

Во бродот се наоѓале 11 лица кога тој потонал во близина на познатото туристичко место Мармарис. Досега се спасени осум патници.

Причината за несреќата засега не е позната, а службите за вонредни ситуации се во потрага по изчезнатите лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1