Во Хрватска е регистрирана првата жртва од студот, а станува збор за женско лице кое е пронајдено утринава на патот меѓу Хлебин и Габајева Грека кај Копривница.
Обдукцијата не покажала дека жената починала од насилна смрт, па е исклучена и можноста дека настрадала во сообраќајка.
Се претпоставува дека жената починала од последиците на смрзнување, пренесува загребскиот „Јутарњи лист“.
Неофицијално, жената била мајка на три мали деца.