Трагедија на магистралниот пат Удово Демир Капија. Брачен пар од Скопје загина, а нивното 7-годишно синче се бори за живот, по сообраќајната несреќа што рано утрината се случи кај месноста викана Света Петка.
Трагедијата се случила околу седум часот и 30 минути, кога автомобилот Фиат сеиченто, во кое се наоѓало семејството се забило во патнички автобус.
Сопружниците починале на самото место, а нивното дете е пренесено во Ургентниот центар во Скопје и лекарите се борат за неговиот живот, објави Канал 5.
Патот кај Демир Капија е затворен за сообраќај кон Гевгелија и на овој потег е создадена 5 киломерска колона од возила.