Трагедија со Олимпискиот факел – тренер почина додека го носеше факелот


Рускиот боречки тренер Вадим Горбенко почина во текот на носењето на факелот на Зимските олимписки игри Сочи 2014 година. За жал на 73-годишниот Горбенко му се слошило после само 150 метри.

soci-fakel-500– Тој се врати на местото на собирање и се фотографираше, а потоа рече дека не се чувствува добро. Го однесоа во болница, но докторите не можеа ништо да направат. Изразуваме најдлабоко сочуство на неговите сакани, рече Роман Осин, потпаролот на игрите.

Инаку, ова не е прв инцидент со факел за Зимските олимписки игри во Сочи. Неодамна поранешиот член на боб тимот на Русија, Пјотро Макарчук, искра од факелот му го запали левиот ракав, а пред тоа црвено-сивиот факел, кој симболизира оган и мраз, експлодираше во раката на млада жена која претрпе и помали повреди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1