Таткото Џефри Морис Башер (50) и синот Остин Блејн Башер (22) загинале во сообраќајна несреќа при директен судир на два автомобили кои самите ги управувале.
Несреќата се случила во округот Фајет во Алабама, а според официјални лица причина за несреќата најверојатно е алкохолизирана состојба.
До несреќата дошло кога автомобилот „Форд“ кој го управувал таткото, удрил во „Шевролетот“ кој го возел неговиот син. Според полицискиот извештај ниту еден од нив немал врзано сигурносен појас. Таткото и синот живееле заедно во Бенкстон.
Таткото бил пронајден мртов на лице место додека лекарите се бореле за животот на синот, кој набрзо починал, пишува Дејли Мејл.