ТРАГЕДИЈА: Тинејџери загинаа кај Куманово


Трите момчиња кои загинаа во сообраќајната несреќа во Куманово се на возраст од 17 и 18 години. Од СВР-Куманово соопштија дека во несреќата загинале Ваљон М. (17) од Куманово, Егзон Ш. (17) од Куманово и Исуф А. (18) од Липково.

foto - zid na soobrakjajniot sram

foto – zid na soobrakjajniot sram

Во автомобилот имало четири лица од кои двајцата починале на местото на несреќата, а едниот на пат кон болницата. Четвриот патник е во кумановската болница. Има повреди и скршеници по целото тело.

Сообраќајната несреќа се случи околу 17 часот, кај „Дедин Мост“ во близина на бензинската пумпа „Мак Петрол“, кога возачот на автомобил марка „БМВ“ со кумановски регистарски таблички што се движел од село Бедиње кон центарот на Куманово, додека бил на мост, изгубил контрола над возилото и излетал на автопатот. Автомобилот кога излетал од мостот, слетувал директно пред цистерна која се движела по автопатот. За да избегне удар, возачот свртел нагло, по што цистерната се превртела и застанала на спротивната страна.

Возачот на цистерната, М.Т. (45) од Куманово за среќа поминал со лесни телесни повреди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1