Голема трагедија ја потресе Босна. Ученичка паднала на час и починала. Според податоците на Инмедиа, веста го потресе целиот град. Се работи за Амила Хасанбеговиќ која паднала во школскиот двор додека била на настава на часот по физичко и заминала во смрт. Малолетничката била веднаш пренесена во болница, но за жал, лекарите можеле само да констатираат смрт.
Училиштето веднаш ја прекинало наставата, кафулињата ја изгасиле музиката, градот е завиен во црно. Цела општина каде живее девојчето жали и плаче по него.
Сите кои ја познаваат Амила велат дека била ведра, насмеана и одговорна девојка. Никој не сака да поверува во големата трагедија.
Инаку, обдукцијата покажала дека девојчето починало од срцев удар.
Погребот на ученичката ќе се изврши денеска.