Во 14 часот и 45 минути во текот на вчерашниот ден, 44-годишната Л.Ц. од Скопје пријавила дека откако дошла во населба Илинден, каде живеел нејзиниот татко, 65-годишниот Ч.Ц. ја сретнала соседката која и кажала дека не го видела татко и околу 10 дена и се сомневала дека можеби истиот се наоѓал во куќата, а неговиот син В.Ц. кој е лице со нарушено ментално здравје, излегувал и влегувал во куќата преку прозор.
Од страна полициски службеници преку отворениот прозор бил забележан Ч.Ц. легнат во дневната соба без знаци на живот.
Од екипа на итна медицинска помош констатирана е смрт.
Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.