Трагедија во луксузен хотел – животот и е уништен на медениот месец (Фото)


natali1

Триесет и четири годишната Натали пред пет години доживеала несреќа во хотел во Абу Даби, кога за време на распакувањето, врз нејзе паднала полицата од еден плакар во хотелската соба.

Управата на хотелот одбива да плати за хирушката интервенција, за која се потребни огромни средства, па оттука нејзиното семејство со крајни маки се обидува да ги собере потребните средства за операцијата.

„Ја пронајдов онесвестена, а повредата на нејзината глава изгледаше ужасно“, вели нејзиниот маж.
natali2Натали претходно постојано се повредувала поради паѓања кои и се случувале од епилептични напади.

„Претходните години не смеевме да ја оставиме сама ни за момент, затоа што би паднала и дополнително би се повредила“, вели нејзината мајка Енџи Смит.
Последните шест месеци докторите мораа Натали да ја стават дури шест пати во вештачка кома, затоа што нападите станаа до толку опасни, што можеа да предизвикаат прекин на работата на виталните органи.
Поради тешката состојба на жената и била неопходна операција и третман кој чинат повеќе од милион долари, за што нејзиното семејство нема пари.
„Како компензација за несреќата, хотелот и исплатил 36,000 фунти, што не е ни приближно доволно да и помогне на мојата сопруга“, вели нејзиниот сопруг.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1