Трагедија во охридско: Жена загина во страотна сообраќајка


Вчера околу 14.35 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај с.Издеглавје, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Опел Астра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.И. (74) од с.Велмеј и патничко моторно возило „Мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од И.С. (37) од Пробиштип.

foto - sitel.mk

foto – sitel.mk

Во незгодата самото место починала сопатничката во „Опел Астра“, Д.И. (74) од Охрид.

Со тешки телесни повреди се здобила сопатничка во истото возило, Б.Н. (68) од с.Велмеј, која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ каде и била укажана лекарска помош и е задржана на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на ПС Охрид.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1