Во престрелака во близина на едно основно училиште убиена е сестрата на НБА ѕвездата Двејн Вејд, Никеја Олдриџ (32), која воедно е мајка на четири деца. Во Никеја било пукано од автомобил во движење додека туркала количка со бебе. Таа била погодена во раката и главата и починала на самото место на настанот.
-Мојата сетра денеска беше убиена во Чикаго. Уште еден непотребен акт на насилство. Четри деца останаа без мајка. Навистина ова мора да се запре, напиша Вејд на Твитер.
Ова не е прв пат некои член од семејството на Вејд да биде застрелан, пред четири години неговиот внук Дерин Џонсон два пати беше погоден во нога.