Спасувачките тимови трагаат по седуммесечното бебе и тригодишното детенце кои како што пренесуваат српските медиуми паднале во реката Турија во близина на селото Банковац кај Алексинац.
Неофицијално, мајката со децата шетала покрај реката кога момчето паднало во водата. Таа се обидела да го спаси, но и сама паднала во реката со бебето во раце.
Како што соопштуваат од Управата за вонредни ситуации во Ниш, оваа информација тие ја добиле во 10.45 часот, а екипите за спасуванје се упатени на терен.
-На терен се 8 членови и 4 возила, односно тимот за спасување на вода и пожарникари од Алексинац. Ја следиме ситуацијата од час во час – велат од Управата.
Поради поплавите, во Алексинац уште пред два дена е прогласена вонредна состојба.