Трагедија во Тетово. Мајка и нејзините четири малолетни деца загинаа во пожар во нивната куќа, во горниот дел на градот. Пожарот, избувнал утрово околу 4 часот и го зафатил горниот кат и покривот. 13 пожарникари со 4 возила веднаш пристигнале на местото.Три часа се обидувале да го стават огнот под контрола, но за жал, не успеале да ги спасат жртвите.
39 годишната мајка со своите деца на возраст од 4 до 13 години, спиеле на горниот кат, а таткото кој бил чувар, бил ноќна смена на работа. На долниот кат пак, живееле бабата и дедото, кои успеале да се спасат. Соседите не можат да поверуваат каква трагедија го снашло ова мирно и сиромашно семејство.
Градоначалничката на Тетово , Теута Арифи,понуди помош за семејството.
Увидот започна претпладнето со стручни екипи од Тетово и Скопје.Телата веројатно ќе бидат предадени на обдукција.